Press "Enter" to skip to content

Тренерите Алушевски и Голужа за денешната средба помеѓу Еурофарм Работник и Татран

По првата победа во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Работник денес против екипата на Татран Прешов ќе се обидат да дојдар во втората победа и до нови бодови. 

Тренерот на Еурофарм Пелистерм Стевче Алушовски на прес-конференција го најави натпреварот против неговиот колега Славко Голужа.

-Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци  од Шпанија и Хрватска, кој секоја година играат во Лигата на шампионите или СЕХА лигата. Сигурно нивната вистинска сила не е според местото кое го имаат на табелата во “Ц“ групата, а за неговата екипа додава:

-Екипата е освежена, малку се одморивме од напорните патувања, но имаме проблеми со повредените ракометари. Го анализиравме Татран и верувам дека ќе се радуваме на победа. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно. 

Денес одлични вести има тренерот Стевче Алушовски, а тоа е враќањето на Невен Стјепановиќ  на десната бековска позиција, а во составот на Еурофарм ќе ги нема голманот Благојче Траjковски и Мартин Велковски.

Тренерот на словачкиот тим, Славко Голужа, вели дека мечот со “фармацевтите“ ќе биде тежок испит за неговиот тим, а дополнително ја споменува и полната сала која ќе го дочека во Битола.

-Не очекува еден тежок натпревар. Имаме тешко патување, а во Македонија исто така не чека и полна сала. Мора да бидеме подготвени за ривалот. Мора да се игра дисциплинирано, цврсто во одбрана, интелигентно во нападот. Еурофарм има добри контри, голманот исто така знае да ги проигрува крилата со долги топки, па мора да бидеме внимателни да не правиме технички грешки. Ќе се бориме, шансите за двете екипи се 50-50“.

Татран Прешов досега нема ниедна победа во Лигата на шампионите и е закован на последното место во групата, како единствен тим без успех.

Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола се игра в недела од 17:00 часот.