Press "Enter" to skip to content

Во “Портал 2“ на Широк Сокак, промоција на новото мени со ладни закуски (фотогалерија)

Кафулето “Портал 2“ на Широк Сокак е тренди место за “излегување“ во нашиот град каде се воооведуваат новини за гостите пријатно и во добра атмосфера да го поминуваат времето поминато таму. Тука редовно се случуваат се забави со ди-џеи, кои беа меѓу првите организирани во нашиот град, настапи на бендови во живо за добра забава и атмосфера.Пријатна атмосфера имаше и синоќа во “Портал 2“ со бенд во живо и ди-џеј и журка на која присуствуваа многу битолчани, на која беше промовитано новото мени со ладни и вкусни закуски. Ова беше изненадувањето за сите гости кои доаѓаат тука било на утринско кафе, преку ден, или на забава да уживаат и во вкусна храна подготвена во новата современо опремена кујна во кафулето.Поразговаравме со сопственикот, Сашо Шамбевски, за овие новини кои ги нуди кафулето “Портал 2“.-Кафулината “Портал“ и “Портал 2“ секогаш им нудат нешто ново на своите гости, кажете ни што со што ги изненадивте сега битолчани во “Портал 2“ на Широк Сокак?-Вечерва многу гости кои и се редовни муштерии и мои пријатели се тука на промоцијата на нашето ново мени. Како и секогаш така и вечерва тие и се најзаслужни за добрата забава и атмосфера која е карактеристична за “Портал 2“. Заради тоа се трудиме секогаш на нашите гости да им понудиме нешто ново, да бидеме во тренд и ги задоволиме нивните барања. После реновирањето и проширувањето, кафулето има комплетно нов ентериер и нова кујна по современи стандарди. Со тоа  и нудиме ново мени со вкусна храна за сладокусците кои доаѓаат тука. Се разбира дека пред се наутро во “Портал 2“ се доаѓа на кафе по чиј квалитет и вкус сме познати. Но, сега ќе можат да изберат и утрински пакет “lounge“ со кафе.Кажете ни повеќе околу овие “lounge“ пакети ?-Идејата за овие пакети произлезе од нашите искуства и барања на нашите гости. Наутро многу вработени доаѓаат на пауза каде покрај кафето сега ќе можат и да доручкуваат на едно место. Ние ќе нудиме различни пакети со кафе или пијалок по многу достапни цени. Секако дека ќе има и изненадувања и специјалитети на денот во кои ќе уживаат нашите гости. Постојано ќе промовираме менија во зависност од желбите, но и сезоната.-Секако дека со понудите и услугата  која ја имаме сакаме да создадеме пријатно место кое ќе биде препознатливо по квалитет. Со тоа сезоната која доаѓа и постудени денови “Портал“ но новиот пазар и “Портал 2“ на Широк Сокак ќе бидат места на топла атмосфера за битолчани, вели сопственикот на кафулината “Портал“, Сашо Шамбевски.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »