Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: емоции и нивно проживување и изразување

Учете  ги децата како да управуваат со себе и своите емоции така да не се повредуваат себеси ниту другите.

Начинот како ги препознаваме емоциите тага, радост, бес… кај децата најповеќе се впива несвесно од самиот пример како родителот се носи со неа. Што прави родителот, како се однесува, како ги изразува чувствата. Кога е тажен пример, дали вика, дали е намуртен и дали  зборува за тагата или вели “ништо не ми е“. Во двата случаеви тој праќа порака дека тагата е забранета,  ја игнорира и не ја изразува на правилен начин.  Иако тоа не е јасно речено… Емоциите треба да се проживуваат и изразуваат на правилен начин.Пример: Таткото може да му зборува на својот син, како тој плачел како мал и сега како возрасен може да се расплаче, како не е помалку маж, ако плаче и како е важно да се исплачеш и почуствуваш олеснување, давајќи му  и други примери кога спортистите  плачат кога губат натпревар.

Како возрасни сме биле или сме во различни  ситуации и секоја  бара цел спектар на чувства и емоции. Позитивните емоции на радост, среќа често се социјално прифатливи и имаме дозвола да ги проживуваме и изразиме.  Но, емоциите на тага, бес, гнев често се  социјално неприфатливи и не дозволуваме да се  проживеат или изразат,  да зборуваме отворено за нив. Не исклучувајте ниту една учете  ги децата како да управуваат со себе и своите емоции така да не се повредуваат себеси ниту другите.

Во нашата култура карактеристично е да жените, девојчињата плачат кога се тажни, бесни, хистеризираат кога наидат на препрека, фрустрација, на незадоволување на потребите. Но момчињата, мажите   кога се тажни  обично  се бесни,  агресивни, лути, намуртени (кога се тажни заради губење на нешто или на некои свои цели на работа или да успеат да  постигнат некоја цел).

Обично на момчињата им се забранува изразување  на тага, (“Немој да плачеш како некое девојче“, “Не си женско да плачеш“… Вакви реченици можат да слушнат секаде уште од градинка, училиште, дома.Често се поставува прашањето:  Што прават малите деца со неа? Во што ја претвораат?

Но, родителот може  да биде мирен вели психотерапевтот, Сунчица Јовановиќ, бидејќи начинот како ги препознаваме емоциите најповеќе се впива несвесно од самиот пример како родителот се носи со неа. Што прави како се однесува кога е тажен пр.  дали вика, дали е намуртен и дали  зборува “ништо не ми е“. Во двата случаеви тој праќа порака дека тагата е забранета. Но, што со тие чувства кои се јавуваат кај детето како да се справи со нив­?

Еве некои препораки што може да направите:

-Кога сте тажни , кажета му на детето како се чувствувате( не морате да им кажувате детали и заради што) и што би сакале да правите, побарајте утеха прегрнете го партнерот,  детето.

-Низ бајки, цртани филмови, животни и игри зборувајте му за тоа како тие се чувствуваат, изразуваат емоциите и чувствата во различни ситуаци и како тие се борат да излезат како победници.

-Кога имаме ситуација „плачеш како женско“ во прашање повеќе помага мислењето на таткото или некој друг постар човек отколку мајката (но не е и неважно ) бидејќи момчињата тоа го слушаат уште од мали во градинка, училиште…) кога го градат својот идентитет и се идентификуваат со општествената улога на маж.

-Таткото може да му зборува како тој како мал, а и сега како возрасен плаче ако е тажен.  Со тоа не покажува слабост,  не е помалку маж, ако плаче и како е важно да се исплачеш и почуствуваш олеснивање, давајќи му  и други примери кога спортисти плачат кога губат натпревар…И најважно што да се направи кога се исплачеме. Всушност најважно  проживување и правилно изразување на емоциите служи да решиме проблеми без да ги потиснуваме и често да  поправиме ситуација. Плачеш бидејќи си добил помала оценка на училиште, но понатаму со поголем труд и учење ќе се поправи. Но, во тие моменти потребно е тагата да се проживее и изрази, се разбира и со разговор и емпатија од страна на родителот.

Треба да се разликува плач заради тага и плач заради хистерија и недобивање на на она што се сака. Ни овој вториот не треба да се забранува, може да се игнорира и да не се согласиме на емоционална уцена, заради што такво однесување ќе се повторува и усвојува.