Moot Court клубот “Titus Flavius Orestes“ од Правниот факултет од Битола, учествуваше на VIII “FUTURA Moot Court“ натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права кој се одржа во Вршац, Србија, а истиот беше во организација на “Civil Rights Defenders“.
Во натпреварите по групи, “Titus Flavius Orestes“ се натпреваруваше во групата “А“ каде постигна две победи во натпреварите со клубовите од правните факултети во Штип и Тузла, по што се пласираше во полуфиналните мечеви. Во полуфиналето студентите од правниот факултет од Битола загубија од клубот од правниот факултет во Бања Лука, кој подоцна го освои натпреварот.
На крајот од натпреварот, битолските студенти ја освоија наградата за најдобар писмен поднесок на апликантот, додека писмениот поднесок на респондентот беше на второто место. “Titus Flavius Orestes“ од правниот факултет од Битола и го освоија 4. место во генералниот пласман меѓу осум правни факултети од регионот.
Оваа година дел од тимот беа како апликант (Џули Шутеска, Викторија Дамеска, Димитар Врглевски) и како респондент (Дарко Фармакоски, Златко Мариноски, Влатко Трповски). Студентите работеа под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.

Студентите во “Titus Flavius Orestes“ од правниот факултет од Битола освоија 4. место меѓу осум правни факултети од регионот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Планинарската федерација со предавање за безбедно и одговорно движење во планина во зима
- Македонско хрватска вечер приреди хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“
- СВР Битола: битолчанец возел со 3,50 промили алкохол во крвта
- Објавена третата песна на Марија Цветановска насловена “Кога те љубев“ (фото + видео)
- Симеон Силјановски добитник на Ноемвриската награда на ДЛУБ





