Press "Enter" to skip to content

Пелистер по поразот ја намали предноста од пет на два бода пред Лабуништа

Вардар Форино – Пелистер 3:2 (1:1)

Пелистер и по поразот во Форино од екипата на Вардар останува лидер на табелата, но сега наместо пет бода предност има само два пред екикипата на Лабиништа. 

Во десеттото коло “пелистерци“ се победени минимално со 3:2, полувреме 1:1, иако го отвори резултатот и преку Бујчевски поведе со 0:1 на гостинскиот терен. Потоа следуваше израмнување во првиот дел со голот на Ејупи, а во вториот дел Мемеди донесе водство од 2:1 за Вардар.

На триесетина минути пред крајот Шоповски израмни, но само по три минути по израмнувањето домаќините повторно поведоа со 3:2, со голот на Мемеди, негов втор по ред. Фудбалерите на Пелистер не успеаја да дојдат до ново израмнување.ж

По десет кола Пелитер е лидер со 20 бода, а следуваат Лабуништа со 18, Влазерими со 17 и Дрита со 15.

More from СпортMore posts in Спорт »