Press "Enter" to skip to content

Вечерва последниот домашен натпревар во Евроската лига во групната фаза, Червар: ни следи голема битка

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола ги очекува исклучително важен натпревар во борбата за продолжување на европската авантура. Битолчани во салата „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат полскиот Вибжеже Гдањск во рамките на петтото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ, а триумф би значел голем чекор кон остварување на европската цел.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар, очекува тежок предизвик за битолчани во дуелот со Вибжеже Гдањск во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот има големо значење за македонскиот претставник, кој со победа ќе ги зачува шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Червар посочува дека згуснатиот распоред и трите дерби-натпревари во краток временски период претставуваат дополнителен проблем, но верува дека неговите ракометари можат да одговорат на предизвикот.

-За нас овој меч е голем предизвик. Во неколку дена да се играат три натпревари, три дерби-дуели. Тоа сè уште никогаш во животот не сум видел дека може да се случи, но што е тука е. Мора да дадеме сè од себе за да можеме да ѝ парираме на екипата на Гдањск, која сè уште нема пораз. Ни следи голема битка, но ќе се обидеме да го добиеме тој натпревар. Нема да биде лесно, но со помош на публиката… Ако ни дадат поддршка како против Гумерсбах, тогаш мислам дека имаме шанси. Секогаш има шанси кога имаш таква публика. Играат брз центар, ќе ни биде многу важно да се враќаме во одбрана. Сите мора да бидеме полни со многу оптимизам и да и помогнеме на нашата екипа, а екипата мора да даде сè од себе за да може да се победи таков противник, вели Червар.