Проректорот за наука проф. д-р Игор Неделковски, на Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола, оствари средба со раководителите на билатералниот научно-истражувачки проект со НР Кина “Моделирање, симулации и анализа на комплексни мрежи во биологијата“ проф. д-р Минг Чен (Ming Chen) од Универзитетот во Џеѓанг, Ханџоу (Zhejiang University, Hangzhou), НР Кина и проф. д-р Благој Ристевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии.
На средбата, покрај другото, беа предложени насоки за понатамошна соработка на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола со универзитети од НР Кина, за можностите за размена на студенти и академски кадар, организирање на летни школи, реализација на научна соработка, како и за соработка со ИТ компании од НР Кина.
Професор Минг Чен на 21.10.2019 година пред студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии одржа гостувачко предавање на тема “Биоинформатиката и нејзината примена во ерата на Big Data“.






