Press "Enter" to skip to content

Клиничката болница со нов мамограф, следниот месец во функција акцелераторот (фотогалерија)

Денеска, во Клиничката болница Битола, беа министрите за здравство доц. д-р Венко Филипче и локална самоуправа Горан Милевски, како  и директорот на Клиничка болница Битола д-р Зоран Лазаров и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, а повод беше пуштањето во употреба новиот дигитален мамограф за скрининг на рак на дојка.По пуштаањето во употреба на мамографот, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче рече:-Обезбедивме најсофистициран апарат за дијагностика на рак на дојка кој денеска се користи во сите современи светски клиники. Дигиталниот мамограф во споредба со  (досегашниот) аналоген му овозможува на радиологот многу полесно да ги забележи и дијагностицира абномарнолстите на дојката и претставува најсовремената метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза. Неодамна, за првпат од функционирањето на мамографскиот скрининг воведовме и двојно читање на мамографските слики, кои се независно анализирани од двајца радиолози, со искуство во читање мамографски слики од минимум 800 пациентки. На овој начин ги реализираме нашите заложби за превентива, но и точна и прецизна дијагностика, што е од исклучителна важност за понатамошен третман на пациентката, а потенцира и дека новиот дигитален мамограф е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја.-Сето ова се значајни чекори кои Министерството за здравство ги презема во насока на современа медицинска технологија и иновативен пристап во лекување на пациентите, а кои ќе овозможат навремена дијагностика и ефективен третман, но и превенција од ова малигно заболување кај жените, заклучи Филипче.Директорот на Клиничка болница д-р Зоран Лазаров посочи дека со овој проект од ИПА програмата треба да се подобри здравствената заштита во пограничниот регион.-Преку проектот нудиме скрининг (мамографија, ултразвучен преглед и медицински испитувања), ги едуцираме жените во врска со потребата од скрининг услуги и редовни прегледи, а нашата цел е превентива, рано откривање на карциноми кај жените, затоа што ран третман и подобра прогноза може да доведе до намалување на стапката на морталитет и морбидитет. Конкретно во Битолскиот регион ќе се спроведе скрининг на 200 пациентки во вид на мамографски прегледи и гинеколошки ПАП тестови. Со организиран превоз ќе се носат пациентките од Новаци, Претор, Грнчари и Меџитлија во болницата за овие прегледи, изјави директорот Лазаров.Министерот за локална самоуправа Горан Милевски рече дека преку програмите на ЕУ и министерството меѓу другото се овозможуваат и подобри здравствени услуги и додаде:

-Ние како Минстерство за локална самоуправа на граѓаните на Пелагонискиот регион преку ИПА програмата им овозможуваме комплетна бесплатна услуга за рано откривање на карционом на дојките. Она што би сакал да потенцирам е дека од наша страна е овозможен 15% од вкупниот буџет на набавката. Ние и понатаму преку нашите проекти ќе овозможуваме еднакви можности за сите граѓани и општини преку програмите на Европска Унија.