Press "Enter" to skip to content

Поставката на “Малиот Монмарт“ единствена на која беа претставени дела на деца на “Art Next Expo“ во Хонг Конг

Светската ликовна елита на “Art Next Expo 2019“ во Хонг Конг им се поклони на Малиот битолски Монмартр и Битола што 38 години ги создаваат новите генерации на големи уметнички имиња во светот.

Од  1 до 4-ти ноември во Хонг Конг, Народна Република Кина се одржа значајниот елитен светски ликовен настан Art Next Expo 2019. На покана на организаторот учество и тоа во одделот “Next +“ именуван како серија на проекти од посебно значење беше отворена и претставена и поставка на Малиот битолски Монмартр.Поставката беше засебно отворена од високи владини претставници на Хонг Конг кои не ги штедеа зборовите на благодарност што во далечната, а толку блиска земја- Македонија – во Битола, постои едно катче кое скоро четири децении е “фабрика“ од која приоизлегуваат идните истакнати светски ликовни имиња.

Особена благодарност беше искажана за раководителот на Малиот битолски Монмартр – Коста Хаџи Антоновски кој во 1981 година го препознал моментот дека уметникот сепак мора да има место каде треба освен физички и уметнички да се “роди“ и одредил тоа да е Битола, а самата манифестација беше именувана за Олимпијада за уметниците.

Акцент беше ставен на препознавањето и временското “врамување” на традиционалната архитектура која во огромен дел е препознаена како светско културно наследство и од страна на УНЕСКО.Од стана на организаторот не беше изоставен ни фактот што во 1996 година од стана на Гинисовата Светска книга на рекорди Малиот битолски Монмартр беше препознаен и забележан како најмасовна и најдолговенчна во континуитет без прекин манифестација од сферата на уметноста.

На Art Next Expo 2019 македонската поставка беше раководена од Елена Хаџи Антонова како претставник на Малиот битолски Монмартр – додека во делегацијата на покана од ликовното студио и самиот организатор беше и Татјана Крнчева долгогодишен пријател и промотор на Малиот битолски Монмартр.

Имено ни поканата не беше игра на случајности како во 2006 година на Малиот битолски Монмартр беше покането да учествува и уметничката школа Simply Art од Хонг Конг на брачниот пар Хенри Лау и Ирис Ли – по професија истакнати и ценети архитекти кои својата примарна професија решиле да ја остават во секундарен план и целосно да се посветат на поттикнување на ликовниот талент кај децата и младите.Уметничката школа Simply Art како факт за својата професионалнот го има податокот дека листата на пријавени ученици за чекање за запишување веќе го надминала бројот 200.

Патем низ 13 годишното учество на Малиот битолски Монмартр уметничката школа на Хенри Лау и Ирис Ли – поточно нивните ученици 3 пати ја имаат освоено Гран При наградата или највисокото одличје на манифестацијата – шест пати го освоиле признанието за Најдобра тимска колекција на дела а нивните ученици биле наградени за Најдобар индивидуалец – учесник / 2 пати биле добитници на највисокото признание на зружението на ракотворци на Битола а над 25 пати биле помеѓу 10-те најуспешни учесници на манифестацијата. Со овие успеси уметничката школа Simply Art е воедно и најнаградуваната во постоењето на манифестацијата.

На Art Next Expo 2019 во Хонг Конг на над 100 светски признати уметнички имиња додека поставката на Малиот битолски Монмартр беше единствената на која беа претставени дела на деца (3 до 20 годишна возраст) што исто така не беше случајност или што би истакнал господинот Лау – светските докажани уметнички имиња секогаш мора да знаат од каде доаѓаат но и младите надежи и таленти од каде им започнува иднината на светската уметничка сцена.

Е.Х.А.

More from КултураMore posts in Култура »