Викендов во “Голден Бал“ во Тетово се одржа третиот турнир од државното првенство во “пул“ билјард, а воедно и последен од дисциплина 9 – ка.
На турнирот зедоа учество и пет битолски играчи кој мора да споменеме потполно потфрлија.
За издвојување е само младиот играч, Димитар Симовски – Рашка, кој го освои петтото место.
Останатите играчи Никола Христов – Коле Моделино, Горан Думевски – Панчо, Илија Трајковски – Илче и Христијан Здравевски – Кики немаа забележителен настап.






