Во стреланата во Битола викендов се одржа првиот Куп натпревар во стрелаштво за лица со инвалидност, на кој учествуваа 13 натпреварувачи поделени во две категории: воздушна пушка – сериска програма и воздушен пиштол-меѓународна програма.
Битолските стрелци имаа одлични резултати, а најдобро пласиран е Васко Стефановски на второ место во дисциплината воздушна пушка со 313 погодени кругови. Во истата дисциплина третоплаиран е Мендо Дивјаковски со 255 кругови, а Николче Станоевски е на седмо место со 146 кругови. Најдобар во оваа дисциплина беше Бранимир Јовановски од Куманово со 313 кругови.
Во дисципллната воздушен пиштол најдобро пласиран битолчанец беше Митко Фидановски со 486 кругови кој се најде на петтото место. Најдобар со воздушен пиштол беше Александар Јовановски од Скопје 8 со вкупно 541 кругови.






