Синиот круг е симбол на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, и претставува поддршка и единство на светската јавност во борбата против пандемијата од дијабетес.
Лајонс клубот од Битола оваа година одлучи овој ден да го одбележи на поинаков начин.
Да се создаде уметничко дело преку симболичен перформанс на овој ден кое ќе се подари на Здружението на дијабетичарите на Општина Битола кое конечно после децении лобирање успева да добие свој простор каде што ќе работи.
Подарокот и беше врачен на претседателката на здружението Душанка Атанасовска од страна на д-р Лилјана Нечевска која децении од својата кариера како доктор ја има посветено на грижата за дијабетичарите и Љубица Ангелкова, претседател на Лајонс клубот Битола, кој го организираше овој настан.

“За живот надвор од синиот круг“ -арт перформанс на Буба Мешкова Солак – уметник и член на ЛК Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мото собир во Битола во организација на МК Конзули, овој пат во градскиот парк (фотогалерија)
- Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)
- Концерт на Жељко Самарџиќ во Хераклеја, вечер исполнета со емоции и песни што не стареат (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари
- Билтен на МВР: пријави за напад со остар предмет, за два физички напади, за пожар на сува трева





