Веднаш по излегувањето од печат на најновиот роман “Сестра Касијана“ чиј автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски, во Битола, во новата сала за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ се одржа и промоцијата на оваа книга.
Салата беше премала да ги прими сите оние кои сакаат да бидат дел од промоцијата на оваа нова книга. Ретки се приликите кога толку многу луѓе се присутни на вакви културни настани, а дел и не влегоа во салата, туку ја следеа од холот на библиотеката.
Присутните ги поздрави директорот на НУ УБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски, а за книгата зборуваа промоторите: Билјана Т. Димко, Радован П. Цветковски и Панде Манојлов.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.
-Преку оваа книга направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.
Книгата е во издание на книгоиздавачката куќа “Матица“ од Скопје.

Салата претесна да ги прими сите на промоцијата на романот “Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)
- Битола и Широк Сокак полни со навивачи на Ливерпул, “Расчекор“ обоен во црвено, многу песни, дружење, нови пријателства… (видеа + фотогалерија)
- Навивачите на Ливерпул од регионот во Битола – аманетот на Кубата исполнет (фотогалерија + видео)
- Деновиве пред 10 годинии: За формирањето на Радио Битола што ја нема





