Press "Enter" to skip to content

Победа на Олд Бојс против Јенимале во градското дерби (фотогалерија)

Јенимале – Олд Бојс 0:2 (0:0)

На градскиот стадион под Тумбекафе се одигра последниот натпревар во оваа полусезона за двата битолски клуба, Олд Бојс и Јенимале во рамките на 15. коло од Ошштинската “А“ лига.Победници во ова градско дерби беа “гостите“ кои по ремито без голови во првото полувреме постигнаа два гола во вториот дел и победија со 0:2.Инаку, иако времето беше ладно около 200 битолчани беа на градскиот стадион да го гледаат овој натпревар, а ние преку фотогалерија ви ги доловуваме дел од најинтересните моменти од натпреварот.