Press "Enter" to skip to content

Изложба “Шпански градови…“ и недела на шпански филм од утре во Центарот за култура

Филмскиот циклус “Недела на шпански филм 2019“ организиран од Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Центар за култура Битола, утре со филмот „Како да се биде нормална личност“ во малата сала.На отворањето на филмскиот циклус ќе претходи отворање на изложба на фотографии “Шпански градови со светско културно наследство“ во фоајето на НУ Центар за култура Битола.

Изложбата и филмскиот циклус ќе бидат отворени од страна на Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, Амбасадор на Кралството Шпанија.

Изложбата “Шпански градови со светско културно наследство“ ги презентира петнаесетте градови со по две фотографиии од шпански професионални фотографи.

Наследството, културата, уметноста и историјата се неделив дел од развојот на Шпанија. Шпанија е меѓу петте земји со најголем број регистрации на Листата на светско наследство на УНЕСКО.Градовите со светско наследство на Шпанија“ во 1993 ги здружија силит , и формираа непрофитабилно здружение со цел да дејствуваат заедно за да ги заштитат историското и културното наследство на градовите во него: Алкала де Хенарес, Авила, Баеза, Касерес, Кордоба, Куенка, Ибица, Мерида, Саламанка, Сан Кристибал де ла Лагуна, Сантијаго де Компостела, Сеговија, Тарагона, Толедо и Ибеда.

Овие градови го комбинираат најдоброто од богатото минато со сегашноста, проектирајќи слика за квалитет и понуда на голем број историско-уметнички, културни, гастрономски атракции, како и други  услуги.