Регионална работилница “Попис и политики за население“ се одржа во хотел “Милениум“, на која прво Фатма Бајрам Аземовска, претседател на здружение за развој на Ромската заедница “Сумнал“ и организатор на работилницата ги запозна со целите на оваа работилница.
Потоа следеше излагања на тема “Политики за население според потребите на граѓаните“ од Билјана Дуковска, Македонска платформа против сиромаштијата, “Значењето на пописот во однос на демографските податоци“ од м-р Диоген Хаџи Коста Милевски, “Економски придобивки од квалитетно спроведен попис на население” од проф. д-р Божидар Миленковски, “Пописот и културната разновидност“ од проф. д-р Горан Илиќ и на “Образование, предизвици и перспективи“ од вонр. проф. д-р Младен Краџовски.

“Сумнал“ организира регионална работилница “Попис и политики за население“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита на стадионот во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер во Битола му даде 45 гола на Ловќен во Регионалната лига (фотогалерија)
- Одржана трета форумска сесија во Општина Новаци
- In memoriam: Никола Богоевски – една од легендите на ФК Пелистер
- Се роди 500-тото бебе годинава во болница “Плодност“, јубилејното





