Press "Enter" to skip to content

Прв концерт на битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура (фото)

Битолскиот дувачки оркестар и Државното музичко училиште – Битола под раководство на професорот Марјан Бакревски синоќа го одржаа својот прв концерт во Големата сала на Центарот за култура во Битола.Дувачкиот оркестар од Битола на целовечерниот концерт исполнија дела од различни епохи и стилови наменети за дувачки оркестар, во кои доминираше маршовското свирење.На концертот се појавија и малите хористи на хорот “Ѕвончиња“ и нивниот учител професорот во соло пеења, Марина Коруновска.Пред битолската публика заедно со Дувачкиот оркестар се претставија и младите битолските солисти Дамјана Апостоловски и Александар Гацоски, ученици на проф. Коруновска кои исполнија арии и канцони.Да потсетиме дека битолскиот дувачки оркестар претходно имаше неколку успешни настапи, на отворено низ Широк Сокак на неколку пати, пред НТБ на отворањето на “Браќа Манаки“, на отворањето на “Камера 300“, а сите овие настапи наидоа на одлични коментари на битолчани кои Бакревски и другите ги охрабруваа да продолжат со работата.