Битолскиот дувачки оркестар и Државното музичко училиште – Битола под раководство на професорот Марјан Бакревски синоќа го одржаа својот прв концерт во Големата сала на Центарот за култура во Битола.
Дувачкиот оркестар од Битола на целовечерниот концерт исполнија дела од различни епохи и стилови наменети за дувачки оркестар, во кои доминираше маршовското свирење.
На концертот се појавија и малите хористи на хорот “Ѕвончиња“ и нивниот учител професорот во соло пеења, Марина Коруновска.
Пред битолската публика заедно со Дувачкиот оркестар се претставија и младите битолските солисти Дамјана Апостоловски и Александар Гацоски, ученици на проф. Коруновска кои исполнија арии и канцони.
Да потсетиме дека битолскиот дувачки оркестар претходно имаше неколку успешни настапи, на отворено низ Широк Сокак на неколку пати, пред НТБ на отворањето на “Браќа Манаки“, на отворањето на “Камера 300“, а сите овие настапи наидоа на одлични коментари на битолчани кои Бакревски и другите ги охрабруваа да продолжат со работата.

Прв концерт на битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)





