Press "Enter" to skip to content

Горан Думевски – Панчо победник во “пул билијард“ на турнирот “Кај Петчи и Панчо“ во Битола (фото)

Во изминатите две недели во Битола се одржа вториот, сега веќе традиционален, Лига куп “Кај Петчи и Панчо“ во “пул билјард“, дисциплина 9-ка, на кој зедоа учество 24 играчи исклучиво од Битола, односно, билјардски крем и сите натпреварувачи од нашиот град.

Тука играа освојувачите на третото место Костантин Бојаџиев – Тино, актуелен сребрен од последното Државно Првенство и Никола Христов – Коле Моделино, секако многу пријатно изненадување.

Куриозитет е што на “Петчи и Панчо“ лига купот баш Петчи и Панчо беа финалисти каде што во беспрекорно финале, во кое беа видено дури шест марса (разбивање и завршување) на крајот победи поискусниот, за нијанса подобар, Горан Думевски – Панчо.

По завршувањето на финалето, Никола Петков – Петчи мораше спортски да подаде рака.На овај Лига куп зедоа учество и Илија Трајковски – Илче нашиот најтрофеен играч, како и Христијан Здравевски – Кики бивш освојувач на овој куп, Игор Радичоски истакнат играч и претседател на билјардскиот клуб, Димитар Симовски – Рашка петти на последниот турнир од државното првенство, Владимир Илиевски – Влатче познат играч и меѓународен судија.

На турнирот се натпреваруваше и Наум Гулевски, нашиот највозрасен играч и секако играч со најголемо интернационално искуство и освојувач на трето место на ланската Гран-клуб лига (пандан на државно првенство).

Традиционалниот, Лига куп “Кај Петчи и Панчо“ во “пул билјард“, дисциплина 9-ка, се  води на cue score листата, а турнирот е јавен и се бележат бодови.

С.Р.