Пелистер Волеј – Јанта Форца Волеј 0:3 (26:28; 15:25; 27:29)
Во 8.коло од Прва државна јига на Македонија далеку понеискусната и помлада екипа на Пелистер Волеј е поразена на свој терен од екипата на Јанта со три нула, а “пелистерки“ им дадао силен отпор на гостинките, а имаа и прилика од освојат барем еден сет.
Тренерот на Пелистер, Роберт Митковски, за пропиштеното изненадување против Јанта вели:
-Болен пораз во три сета, иако во два од нив имавме убава предност па и по неколку сет топки кои за жал не ги искористивме и покрај одличниот прв прием, најмногу благодарение на нашето либеро Андреа Стојановска. Особено можи да жалиме за третиот сет кога беше и 24:18 за нас, па на моменти беше неверојатно да се поверува дека не можи да се добие овај сет исто како и првиот и додава:
-Стресно од почеток до самиот крај, натпревар во кој на крајот победи поискусниот, но секако во ваквите натпревари добива и онај кој губи, а тоа е зрелост и искуство кои им се неопходни на нашатата екипа и на нашите млади одбојкарки. Натпревар со борба каква што ветивме. Уверени сме дека преку максимално залагање брзо ќе напредуваме и дека само на ваков начин се гради силна екипа.
Најефикасна во редовите на Пелистер Волеј беше Ана Пејовска, а поените ги освоија: Ана Пејовска 11, Ивана Белокозовска 8, Изабела Димовска 7, Тамара Жабјановска 6, Стефани Најдановска 5 и Ева Трпеновска 5.






