Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 81:76

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола сосема заслужено се изборија за „мајсторка“ во полуфиналната серија од плеј-оф разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат, откако во вториот натпревар на домашен терен во Битола славеа против актуелниот шампион МЗТ Скопје со 81:76, за израмнување на 1:1 во победи.Натпреварот почна максимално израмнето со наизменично водство и на двете екипи, цврста одбрана и неефикасен напад, за да Пелистер дојде до предност од 16.13 на нешто повеќе од една минута до крајот на првата четвртина.Крајот на првиот период донесе предност од 18:17 за Пелистер, а потоа и целосна доминација во втората четвртина. Одличен почеток на вториот период, и предводени од Вилсон и Дејвис, предност од 28:20 по само две минути игра.Продолужувајќи во ист стил, Пелистер по четири минути во вториот период веќе имаше водство, со поените на Дејвис, и од +12 поени (34:22), кое го одржуваше и зголемуваше до највисоки +14 во тој период од играта. Па, на пауза се замина со водство на „пелистерци“ од 46:33.

Но, во третата четвртина МЗТ Скопје успеа да се врати во игра. Одлични минути за гостите кои стигнаа и до негатива од само два поени (60:58), за да, сепак, пред последниот период нашите кошаркари дојдат до 63:58.

И, во последната четвртина одлично почна неверојатниот Џенкинс, кој со извонредна партија и своја серија уште во првата минута од последниот период донесе предност за Пелистер од +10 (68:58). Сепак, во играта топло-ладно, повторно серија од 0:6 за гостите кои на седум минути до крајот доаѓаат до 68-64.А, потоа серија и на Пелистер, па со тројката на Лука Стојановски повторно до двоцифрена разлика и 74:64.Постојаната предност од шест до десет поени се одржуваше се до финишот, кога со поените на Петков, МЗТ Скопје на 17 секунди до крајот внесе максимална неизвесност во завршницата за 79-76. Но, Митревски реализираш две слободни фрлања во следниот напад за 81-76, за конечна победа на Пелистер и изборена „мајсторка“ во полуфиналето која ќе се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје.Џенкинс беше убедливо најдобар кај Пелистер со 31 поен.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »