Press "Enter" to skip to content

И пионерките на Пелистер Волеј две победи во два натпревари (фотогалерија)

Во рамките на Државно првенство, пионерки група Д“ родени 2006 година, во салата на медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“ се одигра вториот турнир, во кој настапија екипите на Пелистер Волеј, Риниа и Љуботен.Пионерките не дозволија никакви изнендувања во Битола и постигнаа две максимални победи од по 2:0 против екипите на Риниа од Гостивар и Љуботен од Тетово. Во текот на двата натпревари Пелистер Волеј имаше целосна контрола на резултатот, одбојкарки беа континуирано во водство од почеток до крај. Шанса добија сите и целиот ростер ја оправда довербата.Пелистер Волеј – Риниа 2:0 (25:10; 25:19)

Поените  ги освоија: Ева Трпеновска 11, Христина Трајчевска 8, Марија Ристеска 4, Ирина Ташковска 4, Тамара Кочанковска 2, Ирина Трајковска 1.Пелистер Волеј – Љуботен 2:0 (25:13; 25:16) 

Поените ги освоија: Ева Трпеновска 13, Христина Трајчевска 12, Викторија Наловска 4, Анастасија Ристевска 3, Тамара Кочанковска 2 и Симона Марковска 1.