Press "Enter" to skip to content

Одлично деби на новиот тренер Малинков, убедлива победа и водство од +35 во еден момент (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 89:79 (26:14, 30:15, 21:15, 12:35)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи: 500

Судии: Митровски, Михајловски и АнтоновскиПелистер: Думиќ 11, Враниќ 11, Пенов 8, Мекиќ 13, Казарновски 17, Цветковски 20, Трсунов, Обедниковски 2, Атанасовски, Гулевски, Голубовиќ 4, Зекири 3.

Гостивар: Доналдсон 12, Димитриевски 6, Џелетовиќ 8, Стерјов 5, Димчевски 23, М. Димитриевски 6, Р. Димитриевски 1, Печановски, Тасовски 17, Вучковиќ 1.Во првиот натпревар екипата на Пелистер во водство на новиот тренер, Љупчо Малинков, одигра одлично, победи заслужено, а во еден момент над фаворитот Гостивар имаше водство од +35 поедни. Победата од 89:79 е поголема од резултатот со оглед на тоа како играа “пелистерци“ во првиот дел до одморот, агресивно во одбрана и смирено до поен во нападот, а Малинков се внесуваше со секоја ситуација.Пелистер преку Мекиќ на остворањето направи +10 (10:0), а потоа и останатите кошаркари се разиграа, а по 10 минути беше 26:14. Втората четвртина помина во целосна доминација на кошаркарите на Пелистер, а некаде во средината разликата беше +20 поени, а на одмор се отиде со убедливи 56:29.Ефикасната игра продолжи и на стартот на третата четвртина кога разликата дојде на највисоки +35, а Малинков започна со измени и со ставање на игра на останатите кошаркари, откако се виде дека бодовите ќе останат во Битола. Во завршницата екипата на Гостивар по голем број на технички грешки на кошаркарите на Пелистер, ја намали разликата само на +8 за Пелистер, но до крајот немаше изненадување. “Пелистерци“ го заслужија победничкото селфи и секако заедничката прослава вечерва.Најефикасни во екипата на Пелистер, Цветковски со 20 и Казарновски со 17 поени, а кај Гостивар Димчевски со 23 и Тасовски со 17 поени.  

С.Ристевски

 

More from БитолаMore posts in Битола »