Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката Наташа Петровска во посета на Здравствениот дом

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола оствари средба со раководниот тим на оваа здравствена установа.

Пред дефинирањето на општинскиот буџет за наредната 2020 година, особено кај јавните претпријатија во кои дел од нивните активности имаат допирни точки и со оваа институција, денешната средба имаше за цел да бидат дадени предлози од сите страни во насока на подобрување на взаемната соработка и испорачувањето на услугите.Градоначалничката Петровска истакна дека општината во дел од своите можности ја помага оваа установа, а досега со општински средства инфраструктурно е решено поставувањето на бехатон плочките околу домот, со што е реализирана тротоарска целина. Исто така со општински средства е направена и настрешницата. Во следната година, општината предвидува да го санира просторот околу брзата помош со бехатон плочки.

На средбата беа дадени и други предлози и забелешки од страна на медицинскиот тим до градоначалничката Петровска, а исто така таа беше запозната и со новите проекти за реновирање на депото за инсулин и останатите предвидени активности на оваа здравствена установа.