Денес на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, беа промовирани доктори на науки, со кои од основањето на Универзитетот во 1979 година до денес, на УКЛО докторирале вкупно 341 доктори на науки.
Достоинственото одбележување на Патронатот на Универзитетот „СВ. Климент Охридски“ – Битола е заокружено со три нови моменти. Најнапред, на ФИКТ одржана е промоција на доктори на Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека промоцијата е организирана како традиционален настан што и дава посебно значење на промоцијата во којашто се обединуваат науката и академските доблести, како и обврската на кандидатите да го почитуваат и да го чуваат достоинството на титулата доктор на науки како највисок достиг на научен индивидуален развој.
Тој посочи дека од основањето на Универзитетот во 1979 година до денес, на УКЛО докторирале вкупно 341 доктори на науки, од кои: 77 од Економскиот факултет, 59 од Техничкиот факултет, 60 од Факултетот за туризам и угостителство, 52 од Педагошкиот факултет, 35 од Факултетот за безбедност, 24 од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, 16 од Научниот институт за тутун, 11 од Факултетот за биотехнички науки и 7 од Правниот факултет.
Свечениот дел продолжи со доделување парични награди и пофалници за најдобро дипломираните студенти. Од име на најдобрите пред присутните се обрати дипломираната студентка, Лидија георгина Илиева којашто рече:
-Не можам да ја сокријам возбудата и неизмерната радост што ја имам честа во името на наградените дипломци со кои го споделувам овој незаборавен момент, да се заблагодарам за признанието – најдобро дипломирани студенти во академската 2018/2019 година, заедно со добиеното чувството на привилегираност како студенти на овој универзитет. Добивањето на оваа престижна награда, ќе се согласите, е круна на нашиот труд и доказ дека успехот е триумф на упорноста. Од се срце им благодарам на сите професори од Универзитот ˶Св.Климент Охридски” – Битола кои веруваа во нас, кои несебично ја дадоа својата поддршка и ни помогнаа да чекориме по патот на успехот. Убедена сум дека ова признание ќе биде уште поголема мотивација за сите нас, во иднина, да продолжиме да инвестираме во себе и на тој начин придонесеме за развојот и напредокот на нашето општество“.
Пригодниот настан е заокружен со доделување парични награди и Дипломи за студентите чии истражувачки трудови се оценети за најдобри. Имено, на распишаниот награден Конкурс на УКЛО Комисисијата донесе Одлука и награди три истражувачки трудови и тоа:
Прво место Марија Рунчевска, Факултет за биотехнички науки – Битола, за трудот со наслов: ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВЧО СИРЕЊЕ ПРОИЗВЕДЕНО НА ТРАДИЦИОНАЛЕН И ИНДУСТРИСКИ НАЧИН шифра: СИРЕЊЕ
Второ место Горан Велјановски, Технички факултет – Битола, за трудот со наслов: КОМПЈУТЕРСКИ МОДЕЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕЛЕКТРОЕНЕРЕГЕТСКИ СИСТЕМ ЗА 2025 ГОДИНА, шифра: model
Трето место, Љубица Трајкоска, Факултет за биотехнички науки – Битола, за трудот со наслов: СИМУЛАЦИЈА НА ЗАГУБИТЕ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА СУРОВО КРАВЈО МЛЕКО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ХИГИЕНСКАТА ИСПРАВНОСТ И КВАЛИТЕТОТ, шифра: ОЦМ
Наградите за истражувачките трудови ги додели проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски.
Е.Атанасоска






