Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник победи во Москва, го потврди 4. место за 1/8 финале со Нексе

Ракометарите на Еурофарм Работник во последниот натпревар годинава од Москва се враќаат со победа и со бодови со кои го потврдија 4. место во групната фаза, а тоа значи и осмина финале против екипата на Нексе од Нашице, Хрватска. 

“Фармацевтите“ го одиграа 10. натправар од “Б“ групата на СЕХА лигата и победија над Спартак од Москва со 21:31, полувреме 11:19.

На почетокот со водство од 0:2, битолчани ја најавија победата, а полека и го зголемуваа водството, за на крај од првото полувреме имаат позитива опд +8, 11:19.

И вториот дел го повтоено го започнаа со два гола, за двоцифрена разлика, 11:21, а второто полувреме беше во знак на Еурофарм Работник, кој не дозволи победата да се донесе во прашање.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник беа Граџан со седум, Ѓукиќ со пет и Велковски, Маџовски и Вегар со по четири гола, а Чаневски имаше осум одбрани. 

Еурофарм Работник групата “Б“ на СЕХА лигата ја завршија на четвртото место, а во осминафиналето на почетокот на февруари ќе игра двомеч со Нексе Нашице и ако биде подобар, во  четвртфинале ќе игра против екипата на Вардар, односно за место на “Ф4“ ќе имаме македонски дуел.