Украинскиот кружен напаѓач Олександер Шевелев, по помината само една полусезона во редовите на Еурофарм Работник, ќе мора да бара нова ракометна средина, бидејќи битолскиот клуб се откажа од неговите услуги, а најверојатно ќе се бара алтернатива за него.
Шевелев дојде во летниот преоден период во Битола, како ракометен џин, двометарски пикер, кој постигнуваше голови, а беше добар и во одбрана.
Шевелев минатата сезона беше член на украинскиот Донбас, од каде и дојде во Битола, а ќе го гледаме и на преносите од Евопското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка во дресот на Украинската репрезентација.






