Голем број верници, денес го исполнија Храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, од каде со света литургија започна одбележувањето на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.
Според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија.
-Патронот на Битола, Преподобниот Отец Нектариј Битолски, го празнуваме денес. Сите оние кои него го прославуваат, тој за нив се моли, го славиме Бога што го просветлил и во тој дух денеска се чувствува целата Битола, радосна духовно пред се, заради покровителот нејзин – Преподобниот отец наш, изјави митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиско – новозеландски г. Петар.

Со света литургија и литија одбележан Св.Нектариј Битоски, заштитник на Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин на водоснабувањето во населба “Карпош“
- Хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац засилување на Еурофарм Пелистер
- Пешачка патека со физички пречки на улицата “Св. Кирил и Методиј“
- “Глас против тишината – да зборуваме против насилството кое боли“
- СВР Битола: сопруга повредена од нејзиниот сопруг со остар предмет





