Press "Enter" to skip to content

Млекара Битола ја одбележа својата слава – Свети Никола (фотогалерија)

Менаџерскиот тим на Битолската млекарница заедно со вработените ја продолжија традиција за одбележување на својата слава, Свети Никола, а на пригодната свеченост присустуваа и голем број на гости, секако со посна трпеза, во време на пред Божикните празници.На свеченоста по повод денот на Свети Никола, која се одржа во просториите на Млекара АД Битола присуствуваше деловни партнери, соработници, кооперанти, претставници од факултетот за биотехнички науки, маркетинг агенции и други гости.Домаќин на одбележувањето на Свети Никола беше Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Млекара АД Битола, заедно со својот менаџерски тим.Генералниот директор Ѓорѓи Петрушев ги поздрави присутните и за секој најде време и оддели внимание, како рече за честа која им ја направиле да присуствуваат на оваа нивна свеченост.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »