Во организација на здружението “Златно Перо‘‘-Битола и хотел “Епинал“ денес се одржа новогодишен хуманитарен базар, на кој покрај штандовите на учесниците имаше и забавна програма, се одржа и тркалезна маса, а за крај сите беа поканети на “афтер базар“ забава.
-Овој прв новогодишен хуманитарен базар заедно со хотелот “Епинал“ го одржавме со една идеја, а тоа е сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата од социјално загрозени семејства, рече Јулијана Наумовска, од “Златно Перо“, организатор на базарот, која нагласи дека сите собрани средства ќе бидат наменети за социјално загрозени семејства, купување на пакети со храна.
На овој новогодишен хуманитарен базар учествуваа мали, средни, големи претпријатија, занаетчии кои изработуваат (накит, колачи), слаткарници, винарии, ресторани, пицерии, продавници за украси, здруженија на граѓани…
-Ние како пицерија секогаш сме излегувале во пресрет на барањата за помош, па и овој пат тоа го направивме. Продадовме пици, а парите ги доставивме кај организаторот, а секако ги наградивме и најмалите од хорот “Ѕвончиња“ за денешниот настап, рече Драган Талевски од пиџерија “Шведски“.
Но, малите “ѕвончиња“ добија и големо изненадување од генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Синдикатот на РЕК “Битола, Менде Фидановски, кои му доделија и новогодишни пакетчиња.
-ЕСМ, заедно со подружниците, а секако тука и синдикалните организации, во рамките на општествената одговорност секогаш кога сме во можност помагаме и сме дел од вакви хуманитарни акции, како денешната. Поделивме педестина пакетчиња, а организаторот одлучи овој пат да му се доделат на младите битолчанчиња, членовите на “Ѕвончињата“ кое не само денес туку и во други прилики, кога се одржуваат хуманитарни имаат свој настап, рече Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.
Во банкет салата за конференции се одржа тркалезна маса на тема “Сиромаштија, фрлањето на храна и Банкарството за храна“ на која имаше 40-тина присутни, кои имаа прилика да слушнат предавања на оваа тема.
Покрај “Звончињата“ во детската програма настапија и солисти од едукативниот фестивал “Artissimus“, бендовите “Artissimus“ и “The groove“ и ди-џеј Матле, а по завршување на базарот има и “афтер базар“ забава во ресторанот на “Епинал“ се со цел запознавање на сите учесници и вмрежување кое понатаму може да произнесе други соработки.

Новогодишен хуманитарен базар на “Златно Перо“ и хотел “Епинал“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





