Press "Enter" to skip to content

Ротари Клубот Широк Сокак организира втор “Битолски новогодишен базар“ (фотогалерија)

Дождлива саботна вечер, но голем број битолчани на „Битолски новогодишниот базар, втор по ред организиран од Ротари Клубот “Широк Сокак“.Неша Галија во свој стил на стар рокер им порача на присутните на  „Битолскиот новогодишниот базар“  дека дождот не им може ништо и ги пееше сите стари добри рок хитови.   Оваа година  повторно на плоштадот Магнолија под големиот  шатор голем број на штандови каде учествуваа компании и индивидуалци кои ги изложија и продаваа своите производи, а средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во  хуманитарни цели и проекти.Претседателот на Ротари клубот, Миле Ристевски, ни кажа:-После успешно организираниот прв  „Битолски новогодишен базар“, искуството од минатата година покажа дека ваквиот начин на организирање на Новогодишен базар наиде на многу голем одзив и прифатеност од граѓаните на Општина Битола. Нашата намера беше оваа година да му дадеме меѓународна димензија и целодневна постеност, а средствата од продадените производи на базарот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.Инаку, програмата на вториот „Битолски новогодишен базар“ во сабота 21.12.2019 започна од 10 часот  со настани за различни возрасти, па се до 24 часот. Детската програма имаше од 10 до  14 часот со Детскиот блок и  СИДО ѕвездичките, маскоти, снежни лудориии игри без граници со награден карактер спонзорирани од наши подржувачи, фотографирање со Дедо Мразн за најмалите, елка со желби. Вечерната програма од 18 до 24 часот со забава, жива музика со  рок звездата Неша Галија.Битолчани кои беа присутни на овој втор по ред „Битолски новогодишен базар“ со хитовите на Неша Галија уживаа со: варено вино, ракија, традиционална храна, скара, печени костени, слатки и  се она што е карактеристично и интересно за еден новогодишен  базар. Свежо варениот ароматичен чај ги столи сите во дождливата  вечер.Штандот со природна козметика од  ружа “Rose Joghurt“ со производи за нега на лице и тело го привлече вниманието на женскиот дел, а секако природните производи на база на ружа, прекрасен  новогодишен подарок за нега и убавина.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »