Низ 25 години постоење “Де Ниро“ стана бренд за добра вкусна храна. Се започна како место односно мал локал кој се отвори во Нова Битола со неколку маси, на ѕидовите фотографии од филмови на познатиот холивудски актер Роберт Де Ниро. Мал локал, но амбиент со посебен “шмек“, така набрзо стана тренди место каде битолчани уживаа во добра храна, услуга и интересно мени. На почеток беа разни италијански специјалитети: лазањи, канелони, тортелини, пастицио, шпагети во фурна…а за да се дојде таму, во “Де Ниро“ требаше да се резервира маса порано.
Сопственикот Драги Филевски горд на овој јубилеј ни раскажа многу интерсни моменти од 25 години постоење на овој бренд за добра храна и услуги.
За почетоците…
Во “Де Ниро“ се бараше место повеќе заради вкусното мени каде започнаа да се подготвуваат специјалитети кои беа карактеристични само за овој локал и тоа стек, сендвич и пита “де ниро“ и секако познатиот специјалитетот сирење во фурна “Де Ниро“, односно т.н топено сирење, кое сега го има во сите угостителски објекти во Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Скопје и други градови. Специјалитетот сирење во фурна “Де ниро“ познат и пошироко…
-Многу сме горди на овој наш специјалитет, а последно прочитав дека сиренцето “Де Ниро“ во фурна е мегу десетте најпознати јадења во Македонија, секако најбарани и највкусни. Да не ги заборавиме уште и салатите тиро салата, корн салата, туна салата и салатата од спанаќ кои се новигастрономски специјалитети – здрава храна, а кои ги прифатија и другите угостителски објекти и ги негуваат до ден денес во нивните менија ширум Македонија.
Де Ниро место на културни збиднувања…
Покрај вкусна храна и услуга во “Де Ниро“ за кои заслужни беа тимот вработени и сопственикот. Тука имаше различни интересни случувања кои допринесоа за амбиент карактеристичен и посебен за брендот “Де Ниро“. Еден период “Де Ниро“ стана место на културен живот. Тука се играа театарски претстави, се случуваа свирки во живо со најразлични бендови, се готвеше храна во живо, можеби за прв пат во Битола. Честопати “Де Ниро“ беше место каде се читаше поезија, се промовираа книги, се сликаше во живо, се промовираа и дегустураа вина, а “Де Ниро“ беше место каде доаѓаа амбасадори, глумци, политиќари, спортисти…
-Може да се каже дека во “Де Ниро“ започна лајонизмот во Битола во 2007, во “Де Ниро“ запоцна колонијата “Де Ниро“ во 2005, а денес и двете функционираат, конкретен е Филевски.
Други угостителски објекти пивница, хотел “Де Ниро“…
-Де Ниро по својот пат одеше пополека испробувајки многу нови начини во угостителството, а вредно да се спомени ресторанот “Оскар“, бистрото “Нодлес“ и пивницата “Де Ниро“… секое за себе посебно место. Во 1999 го отвараме првиот приватен хотел во градското подрачје кој многу помогна со начинот на работа да се развие хотелскиот бизнис во Битола. “Де Ниро“ своевремено ги правеше најдобрите коктели во Битола и околината. Скоро да нема претседател или премиер за кој немаме подготвувано свечен коктел, а можам да кажам дека секој коктел беше добро осмислен и никогаш ист, како претходниот, а имаме организирано преку 500 коктели, вели Драги Филевски.
Во 2005 “Де Ниро“ запожнува со филмски кетеринг за снимање на преку 40 филмски проекти, исто така уникатни и единствени, а храната се подготвува со подвижна-комби кујна за терен.
Де Ниро денес …
-После 25 годишното искуство и знаење, веѓе седум години соработуваме со најголемата и најдобра фабрика во Македонија и пошироко “Кромберг и Шуберт“. Срекни сме што можеме секој ден да допринесиме за вработените во оваа фабрика да добијат топол, вкусен, здрав оброк и бидеме дел од оваа голема фамилија, вели Филевски.
“Де ниро“ низ годините е голем поддржувач на спортот и културата во Битола, а ова и преходното кое е напишано за овој битолски гастрономски бренд, придонесува “Де Ниро“ заслужено е да биде успешен бренд кој 25 години допринесува за нашиот град.
На јубилејната прослава која се одржа во “Порта џез“, кога заедно со сопругата Силвана и синовите ги дуваат свеќите на роденденската торта за 25. роденден, тоа што присуствуваат сегашните и поранешните вработени, гостите и пријателите е само уште една потврда дека “Де Ниро“ е битолски бренд, кој вреди.
Им посакуваме уште многу успешни години и воведување на многу новини во угостителство и други области во кои учествува.
Жанета Ристевска, Фото: “Де Ниро“






