Press "Enter" to skip to content

Ноќна новогодишна разгледница од Лерин, Грција (фото)

Во градот Лерин, соседна Грција, вториот ден од Новата година е неработен ден, но сепак имаше раздвиженост, полни беа кафулината, рестораните, гиро сендичарите, а на секој чекор се забележува празничната атмосфера.При вечерната посета на Лерин на улиците немаше многу луѓе, а најповеќе имаше движење по нивната главна улица, пешачката патека, на која сите правеа селфи со звезденото небо над нив.Но, како и секаде кафулината полни со млади кои уживаа во гласна музика, а на заминување, како ни рекоа група млади луѓе, ова за нив, поради тоа што Божик и сите останати празници ги слават порано, е последниот неработен ден и сакаат да го искористат што е можно повесело.