Press "Enter" to skip to content

Петар Атанасовски го извади крстот од осветените води на крстилницата во “Св. Димитрија“ (фотогалерија)

Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ ја имаше младиот битолчанец Петар Атанасовски.-Трет пат скокам по светиот кртс во крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ и по втор пат го извадив крстот. Многу сум среќен поради тоа што го извадив светиот крст од водите на крстилницата и се надевам дека оваа година ќе ми донесе среќа мене, на моето семејство и на сите жители на Битола, рече по излегувањето од крстилницата, премрзнатиот Петар Атанасовски, кој има 17 години.Од Владиката Петар за подарок, младиот Петар го доби Светото писмо и позлатен крст, а Владиката по пофали поради тоа што не само што влегол во осветените води, туку и бил на богослужбата во црквата.Црквата и дворот на црквата “Св. Димитрија“ беа претесни за големиот број на православни верници кои секоја година на Богојавление – Водици, присуствуваат на фрлањето на осветениот крст.По светиот крст се фрли и една девојка од Битола, Кристина Николовска.Со централната манифестација чиноначалствуваше Владиката Петар, кој со литија прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа повеќе од триесетина пријавени верници, а претходно одржа свечена богојавленска литургија внатре во црквата.По повод големиот празник Богојавление – Водици, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше ви сите цркви када имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празници.Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.

Текст и фото: С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »