Точно на пладне започна забавниот перформанс кој го изведоа убавите мажоретки од Херцег Нови, придружувани од бројниот градски оркестар, кловнови кој започна од плоштадот “Магнолија“, по Широк Сокак, се до Офицерски дом, со што пред битолчани го најави 51. издание на празникот на мимозите, или празника на мимозите, виното и рибата кој ќе се одржи во Херцег Нови од 14 февруар до 14 март.
Битола од страна на организаторите на фестивалот беше избрана поради тоа што двата града Битола и Херцег Нови се збратимени градови, уште пред многу години, а на последната средба на двата градоначалници било договорено не само да продолжи соработката туку и да се интензивира, а прв чекор тоа што нивните светски познати мажоретки настапија во Битола, со многу игра и музика, а кловновите им подарија мимози на битолчанки.
-Посебна чест и задоволство е што денес во нашиот град, како гости ги имаме нашите пријатели од збратимениот град Херцег Нови. Денес дел од културната програма која ја имаат по повод празникот на момизите, нивните мажоретки ги имаме во Битола. Ова е уште една потврда на интензивирање на соработката која што минатата година ја обзнанивме по застојот во билатералните односи. Утврдивме дека станува збор за два града збратимени од далечното минато, се збратимени и останал духот на пријателството и постојат низа на основи и на полиња во кои можеме да соработуваме, да разменуваме искуства, особено од областа на културата, а во следниот период уште повеќе ќе ги проближиме, рече Наташа Петровска, градоначалничка на Битола.
Делегацијата од Херцег Нови ја предводи советникот на престедателот, Тамара Војовиќ која за ова претставување во Битола рече:
-Караванот на празникот на мимозите денес е во Битола, а тоа е реклама на тоа пто во текот на февруари и март се случува во Херцег Нови, а тоа е 51. празник на мимозите, долга традиција и богата култуно-уметничка програма. Ова е продолжување и втор чекот на една соработка на обновување на побратимските и пријателски односи, а градоначничката Петровска го направи првиот чекор, доаѓајќи на ден на градот, 28 октомври. Двата града ги поврзува побратимство од 1965 година, а сега повторно наоѓаме нови полиња за соработка. Овој собир на мажоретки, весели кловнови и цвеќе а покана да ве повикаме на празникот на мимозите во Херцег Нови, и да ви покажеме нашето гостопримство, бидејќи кај нас мириса на пролет.
Мики Андријашевиќ како почесен конзул на Црна Гора во нашата земја, е еден вид домаќин на делегацијата од Црна Гора, а за денешниот настан рече:
-Самата функција ми налага да работам на полето на економската, културната и друга соработка. Денес посебно сум среќен бидејќи тука се гостите од нашиот збратимен град, а денес тие ќе ни го разубават денешниот ден.
На ова престставување на празникот на мимозите присуствуваше и заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска која рече:
-Денес како веќе да стигна пролетта во Битола, а Битола е мој град, иако функцијата заменик министер ја обавувам за цела Македонија, посебно се гордеам и сум среќна кога сум во Битола и кога гледам какви убави настани се случуваат. Апсолутно ја поддржувам ваквата соработката со сите соседни држави на нашата земја. Министерството за образование е отворено за продлабочување на ваквата соработка во полето на образованието и науката, особено што Црна Гора од секогаш била наш поддржувач, партнер и пријател.
Неделниот пријатен ден во уживаа битолчани во неделното кафе, пријатно беа изненадени од дефилето на мажоретките и нивниот настап по Широк Сокак,а додека тие “маршираа“ на неколку пунктови беа делени мимози и пропаганден материјал од Херцег Нови.
Инаку, за празникот на мимозите во Херцег Нови битолските туристички агенции имаат веќе подготвени понуди за посета, а таму ќе настапат голем број на музички ѕвезди од цел Балкан.
С.Ристевски






