Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Мишко Христов, музичар, фотограф, член на воениот оркестар, за игранките, работните акции, дружењето…(фотогалерија)

Носталгијата за минати времиња секогаш постои и буди романтични чувства кај оние кои живееле и твореле во одреден период.  Во рубриката „Некогаш и денес“ ќе пишуваме за теми поврзани со минато низ разговори со личности од различни професии кои живееле, работеле и твореле во едно време последните декади од 20 век и почетокот на 21 век.

Игранки, серенади, корзо, први мотори, работни акции за пошумување на околните ридови… –  начин на живеење и забава кај младите во крајот на 50 и 60 години од минатиот век

-На игранките доаѓавме убаво облечени бела кошула и вратоврска. Културно се однесувавме, немеше расправии, тепачки, бидејќи мораше да го зачуваме „образот на фамилијата“. Да кажам дека на крај сами ја чистевме фискултурната сала, и ја „светнувавме“ што се вели. Можам да кажам дека уште тогаш имавме развиена  еколошка свест за која денес се зборува. Нашите генерации први учествуваа во пошумувањето на околните ридови. Имавме и група извидници, одевме на планина и учевме да се снаоѓаме во природни услови. Бевме среќни, весели, искрени, чесни. Со овие зборови ни започна разговорот со мојот прв  соговорник, Мишко Христов, во рубриката “Некогаш и денес“.Низ негова призма на стар битолчанец кој живеел во центарот на Битола, активен во културно- забавниот живот и одбележал на некој начин еден карактеристичен период во Битола. Постојан член и  пејач на воениот оркестар во Дом на АРМ (Офицерски дом), фотограф, учесник во работни акции за пошумување на ридовите околу Битола, извидник. Тој сликовито ни го долови  долови културно забавниот живот на младите од 50 и 60 години.Кажете ни повеќе за тој период во 50 60 години на минатиот век. Како се забавуваа младите?

-Се сеќавам дека игранките беа начин на забава и дружање. Јас гимназијалец во „Јосип Броз Тито“ некаде 1958 година започнавме ние неколку ентузијасти музичари да ги организираме. Се случуваа  во фискултурната сала, секоја сабота во 2 часот попладне. Трае неколку часа, се свиреше музика во живо секој кој свиреше на некој инструмент и се пееше . Тука ги започнав првите чекори во моето солистичко пеење кое понатаму продолжи на многу организирани манифестации во тогашниот Дом на АРМ (Офицерски дом“, потоа со отворање најстарото  кино „Македонија“, „Трудбеник“ подоцна „Партизан“.Се сеќавам дека имавме обично појачало и заради тоа не смееше да се има и еден тон фалш, бидејќи се слушаше секој звук. Тогаш многу популарна песна која ја пеев беше „Домино“ стар евергрин. Песни учевме од т.н. Метрономски песмарици и ги пеевме светските евергрини од 60 години.На игранките доаѓавме убаво облечени бела кошула и вратоврска. Културно се однесувавме, немеше расправии, тепачки, бидејќи мораше да го зачуваме „образот на фамилијата“. Да кажам дека на крај сами ја чистевме фискултурната сала, и ја „светнувавме“ што се вели. Можам да кажам дека уште тогаш имавме развиена  еколошка свест за која денес се зборува. Нашите генерации први учествуваа во пошумувањето на околните ридови. Имавме и група извидници, одевме на планина и учевме да се снаоѓаме во природни услови. Бевме среќни, весели, искрени, чесни.Какво беше дружењето, другарството, љубовни врски…

-Другарството беше најважно и се дружевме без разлика на пол. Мислам дека равноправноста беше многу голема.  Високо ги почитувавме женските и бевме големи другари со нив. Се сеќаваме дека имаше само 2 или 3 љубовни парови кои потоа стапија во брак, и ден, денес се заедно. Важно ни беше да се забавуваме. На игранките игравме и каневме другарки, но кога се пуштеше т.н “Банатско“ тогаш секој моижеше да бира кого сака без да биде „одбиен“. Многу се срамевме да бидеме одбиени за да танцуваме. Такви беа времињата  имаше срам, почит, чест и искрени односи. Тогаш се воспоставија пријателски врски кои траат денес. Обично се групиравме во неколку „друштва“ кои се дружаеа и после гимназиските денови. Кога започнаа да одат на популарното корзо се знаеше кој каде стои или шета по корзо. Нашето друштво застануваше пред Младинскиот дом кој се наоѓаше кај радио Битола. Тука имаше фото-клуб во кој членував и научив многу за фотографија и нејзино развивање. Ми стана хоби кое и денес ме интересира. Имам соба за развивање во мојата визба. Се играше пинг понг, исто така имаше сала за игранки. Но најдобрите игранки се одржуваа во Домот на АРМ или Офицерски Дом.Споменавте дека Офицерски дом или Дом на АРМ беше носител или центар за културни настани во тоа време. Кажете ни повеќе околу ова…

-Тука се организираа концерти, настани и секако популарните игранки на кои беше вистинска лотарија да се влезе, особено за викенд кога имаше игранки за граѓанството . На игранките можеше да се забавуваш и да се нарача скара на популарната тераса на Офицерски дом  во лето. Постоеа членски карти и плакатирани карти. Во офицерски дом имаше платен голем  воен оркестар кој броеше околу 30 врвни музичари, диригент, Јас бев ангажиран како пејач на овој оркестар со кој настапувамвме на летната тераса,потоа исто така и  во големата сала во внтрешниот дел на Офицерски Дом каде се организираа концерти со програма на сериозна, забавна и народна музика. Се пеше во живо и доживувањњето беше единствено, многу музичари,светски евергрини, преубав амбиент Со воениот оркестар учествував на  концерти во кината кои беа многу популарни во тој период, а концерти имавме низ цела Југославија. Како што кажав кината беа популарни и одевме на кино проекции и  филмовите со Тарзан, каубојски филмови ги гледавме и по неколку пати.Групно гледање телевизија и први црно бели телевизори, Први мотори и трки со мотори, лимузини…

-Потоа се појави и телевизијата, најпрво во црно бела техника. Тогаш имавме групно  гледање на  во месната заедница  „Стево Патако“. Таму на клупи гледавме програма најчесто фестивалот „Сан Ремо“ и се воодушевувме на италијанската музика, канцони и мода. Во тој период дрес код за на  игранка или корзо беше бела кошула, костим, вратоврска, палто, бава и уредно потсрижана фризура. Секако културно однесување на прво место.Серенади… карактеритика за Битола и битолчани

-Знаевме да одиме и да свириме серенади под некој балкон или прозор, но тивко, културно без да ги вознемируваме комшиите. Најчесто свиревме и пеевме ако некој не замолеше кај некоја љубов или кај пријатели. Потоа знаевме да продолжиме во дворот на седенка до доцна во ноќта. Мирисот на  летните вечери,  звуците на музиката, ноќите се уште ги паметам. Се појавија и првиоте мотор и  трки кои се случуваа покрај реката Драгор. На нив доашаа многу гледачи.  Потоа истите  први  моторџии ги имаа и првите автомобили тогаш ги викаа  лимузини.Време кога во етерот се слушна звукот  на Радио Битола

-Сите слушавме Радио Битола со програма на македонски јазик. Радио Битола  имаше забавен и народен оркестар со пејачи.Се пееше во живо. Се сеќавам дека многу популарна беше емисијата „Поздрави и честитки“ бидејќи во тој период имаше големи миграциони процеси, и многу заминуваа во прекуокеанските земји Америка и Австралија. Со овие песни секој си ја поздравуваше фамилијата. Се сеќаваме дека многу популарна беше песната што ја пеев „О рози“ која одеше со поздравите.Мојот соговорник толку убаво зборувше и пронајде фотографии со кои  живо го долови времето на убавите50,  60 години на минатиот век. Како што и ни кажа:

-“Да се има намус“, честа, почитувањето, искрени чувства и пријателства беа најважни.

Слушајќи го се вратив назад во времето на различен стил на живот, забав на млдите, социјални врски, пријателства кои траат, за разлика од денешното време на инстант информации, чувства… Од оваа дистанца и развој на технологијата има големи разлики во начин на и стил на живеење, социјални односи и врски, култура. Секако треба да нагласиме дека најважно е  „Сега и овде“ значи да живееме во сегашноста која со своите предизвици стои пред нас, но да се трудиме да извлечеме поуки од минатото и врз тоа да ја градиме иднината.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »