Талентите, спортисти, треба да се откриваат преку училишниот спорт и училишните натпревари, а и низ малското спортско дружење.
Со неговиот придонес во област на спортот од 1970 година, па до денес Вангел Христов права личност за наш соговорник во “Некогаш и сега“. Низ неговите сеќавања и раскажување се добива слика за спортскиот живот во Битола и битолско во последните 50 години и тоа: училишни натпревари, турнири, формирање на спортски клубови, машки и женски екипи во фудбал , ракомет, кошарка… Низ сите тие години открил, насочил, тренирал многу таленти за спорт. Студент на првата генерација наставен кадар кој завршува на Факултетот за физичка култура во Скопје. последните 20 години активен во КК Младост како директор и тренер на клубот заедно со афирмираниот Горјан Стојановски Перката.
-Како што ми нагласи најпрво сум и работев како наставник по физичко образование потоа тренер, спортски работник. Многу од нив моите ученици кои сакаа спорт растеа со мене, сега врвни спортисти, но беа послушни. Остануваа со мене и после часови, да тренираат. Така започнаа спортските легенди во битолскиот спорт Боро Чурлевски, Тони Мицевски…Би кажал дека училишниот спорт „расадник“ на многу таленти. Во својата 50 годишна кариера напоредно работел и како тренер, спортски работник, бил член на многу спортски управни одбори. Прв виш самостоен советник за спорт во Министерството за образование и спорт во самостојна Македонија. Успешен на приватен план сопруг, татко на две ќерки, дедо. И како што ми нагласи:„ Јас сум во секое време тука за моите внуци, и се ќе направам за моите внуци“.
Неговите сеќавања започнаа вака…
Во Битола уште 60 години на минатиот век се отвори средно фискултурно училиште во зградата на денешнато “Таки Даскало“, а потоа во ДТВ „Партизан“. Во таа средна школа со врвни професор прави “дифовци“ школувани во Белград. Тие поставија многу високи стандарди и од 90 средношколкци колку се запишуваа, завршуваа само триесетина, само најдобрите. Се здобиваа со звање учител по физичко образование.
Тука завршив средно образование и веднаш се вработив на свои 20 години наставник по физичко образованеи во ОУ “Коле Канински“ Кога се отвори Факултетот за физичка култура во 1978 година се запишав и бев студент на првата генерација кои заради строгите критеруими во средно бевме едни од најдобри студенти на факултетот. Од тука излегоа многу успешни просветни работници по физчка култура во Битола мои колеги, кои низ својата работа воспитуваа и насочуваа голем број ученици.
Наставник по физичко образовани во ОУ “Коле Канински“, твои сеќевања…
-Можам да кажам дека имам многу убави спомените од тој период како наставник.Ми беше задовослтвомфада работам со деца, бев млад и некако ги разбирав. Тие знаеја да остануваат со мене и после настава, особено оние на кои им бев класен. На некои учењето не им беше многу интересно и јака страна, но спортот да. Обично ако некој го биваше, беше добар во сите спортови. Во тој период не постоеја приватни клубови и училишниот спорт и натпревари беа извор на таленти. Во училиштето кое броеше многи ученици со многу паралелки, организиравме спортски натпревари меѓу класовите и меѓу училишни турнири во различни спортови. Се сеќавам дека организиравме натпревари на кои доаѓаа и по неколку илјади гледачи. Тука доаѓаа до израз талентите. Од тука излегоа многу спортисти од ракометари, фудбалери, кошаркари и мажи и жени врвни спортисти кои потоа играа во клубови во Битола и низ државата.
Покрај овие натпревари, организиравме и игранки во салата на ОУ Коле Канински каде покрај ученици доаѓаа и возрасни, баби, дедовци. Потоа сите ударнички ја чистевсме салата. Учениците ми беа како деца, како класен ракободител се сеќевам на една заедничка прослава на Нова година со моите ученици. Со колегите исто така живеевме на посебен начин се почитувавме. Ако имаше свадба, раѓање на дете, вработување, пензионирање… сите славевме и споделувавме и радост и тага заедно. Можам да кажам дека дружењето беше вистинско. И до ден денес кога се сретнам со мои колеги со носталгија се сеќаваме на тие времиња.
Покрај наставник и во улога на тренер. Исто така мноу спортски клубови и екипи се формирале по твоја иницијатива. Кажете ни како започнаа тие клубови и вашиот ангажман?
-Низ мојата работа како наставник по физичко образование уште од својата 23 година во училишниот спорт и наторевари имав можност да работам со талентирани деца. Така правев селекција од најдобри и на свои 26 години напоредно со мојата работа започнав со тренерска кариера. Најпрво тоа беше ФК Транскоп Битола која екипа се формира од подмладок. Со младите работеше тренерот Златко Николовски Акузот, прв тренер Борис Јагуридовски и моја работа и специјалност беше општофизичка подготовка. Во овва екипа започнаа фудбалерите Цапарот, Китановски, Цилето, Бакљата, Стаматов, Митревски…
Тренер на Кошаркарсиот клуб КК Пелистер
-Ги играв сите спортови, посебно фудбал. Моја дипломската работа беше кошарка. Во тој период 1980/81 се воведе стратегија за развој на кошарка и влегов, иако немав искуство во водење на екипата. Помошник ми беше Никола Крстевски Миската. Во таа генерација ќе кажам неколку добри кошаркари Бендевски, Миле Несторовски, Печалев. Тогаш направивме екипа на подмладок со искусни тренерски кадар. Во управата беа Кривашија,Лозанче. Младиот тим го сочинуваа кошаркарите Златко Паунот, Оливер Трајковски, Митко „Митацот“, Боро Чурлевски, Мандиќ,
Еве овде ќе кажам дека Боро Чурлеввски како и многу други беше мое дете, ученик од Коле Канински. Тој беше општо надарен за спорт и започна да игра кошарка. Имаше голема техника. Но со мои насоки сметав дека ќе бид подоибар во ракомет, ја продолжи својата успешна кариера во ракометот. Во тој период во Битола опстојуваше и КК Студент и имаше ривалство меѓу овие клубови. Во двата имаше врвни кошаркари во КК Студент Боби Силјановски, Штуро, Бавчата, Стојановски… но со мое залагење овие два клуба се соединија во еден под име КК Пелистер Оваа кошаркарска екипа имаше златни моменти и освојување на младински првнества и победа над МЗТ од Скопје.
Формирање на женски кошаркарски клуб…
-Напоредно со машка екипа кошаркари се оформи и женската екипа. Во Битола традиција на добри кошаркарки уште во 60 години тука беа познатите сестри Џидрови и Блага Темелкова. Подоцна од најдобрите кошаркарки во училишен спорт се оформи женска КК Младост. Тука играа кошаркарките Билјана Биба, Зорка 1 и 2 Билјана Дамјановска, Бендевска…
На местото Виши самостоен советник за спорт во Министерството за образование и физичка култура во самостојна Македонија
-Со осамостојувањето на Македонија во 1992 година се јави потреба од Министерсво за спорт кое во тој период беше под име Министерство за образование и физичка култура. Во сектор за спорт бепе Таки Џиков кој ме повика мене зарди моите дотогашни заслуги за афирмација на спортот во Битола и битолско рабор-тејќи на многу функции имкако претседател на педагозите за спорт во Битола. Ме повика да направам анализа на состојбите за спорт во последните години и како го гледам спортот во перспектива. Бевме селектирани 12 луѓе и потоа бев назначен за Виш самостоен советник за спорт во Битола, Ресен, Демир Хисар.
Заминав Скопје и потоа тоа министерство премина во Агенција за млади и спорт со првиот министер Боев. На оваа функција бев 20 години, и за тоа период организиравем многу спртски настани. Би го истакнал првото Балканско првенство во боди билдин 1993 година. Боди билдингот беше многу популарен спорт во Битола со 10 успешни боди билдинг клубови. Потоа во 1997 година првото Европско првенство во бокс за младинци. За Битола беше многу значајно да се одржуваат вакви меѓународни настани на кои доаѓаа спортисти и спортски работници познати на меѓународен план. Да нагласам дека овие беа првите организирани меѓународни првенства во самостојна Македонија.
Кои спортисти ги насочуваше како наставник и тренер?
-Низ разговорот неколку пати нагласив дека низ мојата кариера како наставник, тренер, спортски работник многу спортисти започнале, се докажале и понатаму постигнале успеси во различни спортови. Најпрво преку училишниот спорт, натпревари и турнири од мали нозе. Некои ги споменавме во конкретните спортови. Не би сакал некоого да пропуштиме. Но, повторно би ги кажал оние кои беа од училишните клупи, во салата на ОУ Коле Канинкси кои ме чекаа да тренираат и растеа со мене и како класен раководител и потоа низ мојата работа тренер тука се покојниот Боро Чурлевски, неговата сестра, фудбалете кои имаат интернационална кариера како Гоце Христов, Тони Мицевски, Златко Димитровски, Благој Китановски, потоа ракометарите Александар Петровски, Тосковски, ракометарките Кристина Петровиќ, Моника, кошаркарките Биба, Билјана Дамјановска, кошаркарот Горјан Стојановски Перката сега тренер и тренер на КК „Младост“, Крстевски Љупчо „Крцулот“ сојузен фудбалски судија и многу други
Како ги поминувате пензионерските денови?
-Во пензија заминав во 2011 година, но активен бев и понатаму како член на управни одбори, потоа во Сојузот на спортови Битола. Активен сум иако имам 74 години се уште скијам, пливам, пешачам. Не ми е тешко да отидам на пазар и по неколку пати. Особено ако се работи за моите внуци секогаш сум спремен за нив да ги носам и разносувам секаде. . Неодамна бев во Скопје каде живеат мојата постара ќерка Христина со сопругот. Внуците Христо и Димитра кои се сега тинејџери, а растеа со мене сега ми беше многу интересно да разговарам и да ги слушам нивните идеи размислувања, шеги кои и мене ме потикнуваат да рзмислувам. И сега повторно иако не се мали јас сум подршка. Помалата ќерка Катерина со семејството живеат и работат во Бугарија, а најмалата внука во семејството Ника, љубимицата на сите со свои три години застанува на скии и скија односно се спушта со заштитен каиш. Среќен суми се гордеам со нив, единствено можаби чувствувам жал што не живеат во Битола, но најважно е тие да го работат она што го сакаат и да се среќни.
Така го звршивме разговорот со мојот соговорник кој со родителска грижливост се однесуваше и кон сите оние кои ги школуваше, тренираше и насочуваше. На крај со голема грижа ми нагласи да не заборавиме да напишеме некое име и личност заслужен за спортот во Битола. Но ненамерно некого сигурно изоставиме.
Жанета Ристевска






