Press "Enter" to skip to content

По препораките битолските угостители ги затворија објектите, само малку битолчани по Широк Сокак (фотогалерија)

Сите битолски угостители постапија по препораките на Владата по предлог на министерот за здравство да ги затворат угостителските објекти по 18 часот.Широк Сокак, вечерва, после 21 часот речиси празен, а само малкумина кои имаат неодложна работа или пак редовно пешачат во ова време беа на улицата.Исто и на битолското шеталиште битолчани кои пешачеа се броеја на прстите на рацете.Сите кафулина, почнувајќи од првото на Широк Сокак, на “Магнолија“, “Кафе-кафе“, потоа кафе слаткарницата “ГТ“, “Портал“, “Пајтон“, Градската кафеана на “Епинал“, пицеријата “Буре“, “Добри вибрации“, “Аеро“, “Шведскиот“ се затворени, како и сите други сендвичари, пицерии…И “бутките“ на Шеталиште се затворени, а битолчани кои сакаат да јадат “Кај Бомбата“ или другите сендвичари ќе почекаат до следната препорака, која би била “полесна“.Немо беше и на “Кумурното“ каде редовно во ова време има млади фудбалери, а темница е и во спортската сала “Боро Чурлевски“.Иста е ситуацијата и во Старата битолска чаршија, каде се затворени и малкуте угостителски објекти кои таму работеа.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »