Забраните и препораките кои ги добија битолчани од Владата за заштита од корона вирусот, денес на првиот работен ден откако беа донесени, може да се рече дека битолчани генерални ги почитуваат.
Кафулината под клуч во ударниот термин од 12 до 14 часот, или еден час порано или подоцна, како и кафеаните, а наместо битолските муабети, масите и столиците празни, беа вообичаената гужва.
По Широк Сокак намалена гужвата, а наместо гужвата по улицата, минувачи кои се излезени поради обврски, од работа или на работа, да купат некои намирници, да направат некои административни работи. По улицата работат само угостителските објекти за храна, но по нов режим-шалтерски систем.
Низ шеталиште и градскиот парк мала раздвиженост, а најповеќе млади кои со велосипеди или пеш се рашетуваа, а за пофалба најголем број од нив со заштитни маски.
Низ пазарот, полн со сезонски производи, мала раздвиженост, а и таму се се купува на брзина, а продавачите со заштитни маски и ракавици.
Волонтерите на Црвениот крст го најдовме пред нивното седиште, како го дезинфицираат, а истото го правеа и со автомобилите кои беа паркирани на паркингот пред нив.
И спортстите се затекнати со ситуацијата за прекин на натпреварите и тренинзите, а дел од странците поради затворањето на границите и аеродромите останаа во Битола, а како рекоа дека ќе ја следат ситуацијата и ќе го чекаат стартот на продолжението на спортската сезона.
Се на се можеме да кажеме дека битолчани се придржуваат на забраните и препораките за спречување на ширење на корона вирусот, што е добро за сите, да останеме дома и да го прекинеме синџирот на заразата, а тоа ќе се случи попладне кога битолчани ќе ги завршат работните и приватните обврски.
С.Ристевски

Битола и битолчани во ударниот термин за кафе-шема, но под забрани и препораки (фотогалертија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





