Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: за една организација која е секогаш битна, а и денес, Црвен крст (фотогалерија)

Една организација која постои во светот многу одамна, а и кај нас исто. За нив се зборува секогаш кога граѓаните имаат мака, а така е и сега кога се наоѓаме во време невреме, а тоа е Црвениот крст, го започна своето сеќавање за деновиве пред 10 години, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.-Утрешниот ден е ден на Црвениот крст, денот на основањето и денот на крводарителите, па затоа со договорот со моите колеги се договоривме ова ретро да им го посветиме ним на волонтерите на Црвениот крст од Битола, кои секогаш се со нас кога имаме мака, па така и сега, вели Миновски.-Пред 10 години во 2010 година се одбележа овој ден со свечена академија во Народниот театар каде беа доделени и награди за компании кои помагаат на Црвениот крст и на крводарители кои дале крв, по јубилеен пат, вели Миновски и додава:Исто така во рамките на свеченостите беше одржа и традиционалната крводарителска акција која беше организирана во саботата во фоајето на Народниот театар.Утрешниот ден на Црвениот крст, сакам во мое име и во име на редакцијата на bitolanews да им го честитам на членовите и волонтерите на битолската организација, кои наместо прослава утре ќе го поминат на терен, помагајќи на оние кои имаат потреба од помош, во дезинфекција како денес на терен или други активности.Затоа намерно не сакавме да пишуваме имиња на оние кои ја подготвија приредбата или оние кои ја збогатија или оние кои добија награда, а на фотографиите ќе се препознаат или ќе ги препознаат битолчани.

More from БитолаMore posts in Битола »