Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: годинава нема маскембал на 1 април, но ќе се потсетиме како беше во 2010 (фотогалерија)

Последните десетина и повеќе години битолчани, пред се основците и средношколците, го одбележуваат денот на шегата 1-април, започна со своите сеќавања Димче Миновски, за пред 10 години, односно во 2010 година.-Претпладне Широк Сокак е обоен во сите можни бои, а посебна убавина му даваат стотици наши дечиња кои заедно со своите наставнички и професорки создаваат големо дефиле од “Магнолија“ па се крајот на Шеталиштето, вели Миновски, а за тоа како повозрасните го одбележуваат овој ден додава:-Постарите младинци во вечерните часови организираа посебно дефиле по Широк Сокак, а најголем дел од нов се облечени во разни  костими и се натпреваруваат кој ќе има пооригинална маска и кој ќе остави поголем впечаток. Потоа костимираните битолчани продолжуваат на забава по кафулината. На една слика ќе видите млад битолчанец кој е облечен како најголем дел од ние денес, ја претскажал денешнината.Но, за жал годинава според тоа во каква вонредна состојба се наоѓаме сите ние, со полициски час и други вонредни мерки, нема да го има ова шаренило на Широк Сокак, но со десетина фотографии ќе се обидеме да ве вратиме во пред 10 години, во 2010 година, вели Миновски и додава за крај:-Посакувам се ова што ни се случува да биде само априлска шега, и некој на 1 април да ни каже само едно априлилили и се да заврши, да биде само неубав сон.

More from БитолаMore posts in Битола »