Press "Enter" to skip to content

Уште еден битолчанец излекуван од коронавирус, Центарот за јавно здравје Битола со комплетна статистика за досегашниот тек на болеста

Од денеска имаме вкупно повеќе излечени пациенти од коронавирус, отколку активни случаи. Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти меѓу кои има и еден битолчанец. Вкупно на ковид дијагностицирани се 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Денес Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) излезе со комплетната статистика во врска со ковид-19, во која се вели дека земени се вкупно 329 брисеви за COVID-19 од кои 276 по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), а 53 преку упатување од матичен лекар преку ситемот Мој термин. (Табела 1)

Земени брисеви за COVID-19 по градови на територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола е:  Битола со вкипно 259 тестови,  Кичево 22, Ресен 5, Д. Хисар 20 и други градови 23.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 22 лица, од кои 19 се со место на живеење во Битола, 2 во Кичево и едно лице во Демир Хисар.

Во Битола има 4 кај кои болеста е во тек.

Возраста на заболените се движи од 5 до 85 годишна возраст , а во однос на пол заболени се 10 лица од машки и 12 лица од женски пол.

Едно лице на возраст од 66 години кое беше хоспитализирано во Клиничка болница- Битола на Одделението за инфективни болести почина. Лицето беше во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Од вкупниот број на заболени лица 9 се здравствени работници, од Битола 8 и од  Демир Хисар 1.

Вкупно 208 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.