Press "Enter" to skip to content

“КОД 369“ и Јован Милошевски на вториот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)

Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола, на вториот фестивалски ден на фестивалот на музиката на светот пред публиката се претстави македонскиот гитарист Јован Милошевски, кој ни доаѓа од Шпанија.Јован Милошевски е битолчанец кој како рече на концертот посебно се радува на тоа што настапува во родниот град.-Ме радува што сум во Битола, во мојот роден град, пред битолчани. Вообичаено на моите концерти изведувам македонска музика, но сега пред вас, публико, се претставив со шпанска музика и друга, музика, рече Милошевски, кој додеја зборуваше емоциите го совладаа и како награда за публиката изведе уште две изведби.Милошевски пред битолската публика ја избеде на класична гитара и “химната“ на Битола “Битола мој роден крај“ што предизвика радост кај публиката.Јован Милошевски е македонски гитарист, роден во Битола, кој живее и работи во Палма де Мајорка во Шпанија. Неговиот израз ја спојува класичната гитара со балканските мелодии и современиот звук. Учел во ОУ “Елпида Караманди“, додека средно во Музичкото училиште во Битола, живеел Нова Битола на ул. “Васко Карангелевски“ Ремо 2, а потоа се школувал и на музичката академија во Палма де Мајорка. Во Палма де Мајорка води сопствено училиште за гитара (директор на Sistons Music), а има изведувано класични гитарски концерти низ цела Европа, но и џез и рок-концерти, свири на класични и електрични гитари, како и бузуки и мандолини.Во вториот дел на втората фестивалската вечер настапи и “КОД 369“ од Битола, формиран во 2020 година, кој комбинира рок, поп, фанк, џез и класични елементи, а вечерва во Битола споија битолски звук и енергија и ја освоија сцената.Ирена Димовска на почетокот на концертот ја позрдави битолската публика и нагласи дека им е посебно драго што настапуваат на 18. по ред Фестивал на мизиката од светот.Утре, 27 ноември, третата фестивска вечер ќе биде вечер исполнета со шпански ритми, енергија и музика што не остава никого рамнодушен со “Sarsale“ од Барселона, со програма во духот на фламенкото и шпанската музичка традиција.Оваа година фестивалот се реализира под мотото ‘Музички крстопат“, а од Битола се испраќа порака дека музиката не познава граници и разлики, туку претставува универзален јазик што ги поврзува луѓето.

Ж.Ристевска

Фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1795326168972868&set=pcb.1795328032306015

More from КултураMore posts in Култура »