Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека работното време на пазарите за првомајските празници, во петок, сабота и недела, е од 06:00 до 13:00 часот.
Сточниот пазар во Битола започнува со работа на 4 мај со прилагодено работење согласно мерките и препораките на Министерството за здравство. Според тоа ве известуваме дека сточниот пазар во Битола на 5 мај во вторник ќе работи.
Решението и условите за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени како прилог на ова соопштение.
Носењето на маска или марама е задолжително.






