1. Мај наместо како Меѓународен ден на трудот, годинава по сите мерки и препораки, ние сите си го прославивме како куќна слава, во домовите и во дворовите, се шегуваат битолчани.
Ако пред неколку децении 1. Мај се прославување во големи првомајски паради, а 2. мај беше резервиран за прошетки и излети во природа во околината на Битола, пред неколку години празникот на трудот не се празнуваше два дена, туку само на 1-ви, а годинава се празнува сосема различно.
Нема ниту паради, нема ниту излети кои беа последните години на 1-ви мај, а годинава 1. Мај се празнува во време на ограничување на движењето, а битолчани секој на свој начин ги искористија слободните часови за движење од 5 до 14 часот.
Сите подранија да ги докупат намирниците од пазарот и продавниците, а потоа некои заминаа во околината на Битола, да поминат некој час во природа.
Најголем број на битолчани беа во градкиот парк, до Смолево, до Снегово, до Кркардаш, а некои прошетаа по Широк Сокак, како се вели “да ја почешаат крастата“.
Но, и малатаа раздиженост после 13 часот започна да спласнува, се празнеше Шеталиштето, пазарот, паркинзите, маалските паркови, а до 14 часот само се движеа возилата со кои се прибираа битолчани дома.
-Како годинава се прославува 1. Мај наместо како Меѓународен ден на трудот, годинава по сите мерки и препораки, ние сите си го прославивме како куќна слава, во домовите и во дворовите оние кои имаат. Но, едно ме буни “се падна“ во петок, е некои мораа да постат, се пошегува чичко Благој, кој се подготвуваше за семеен ручек во дворот.

Првомајска Битола, пред полициски час (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





