Со зголемувањето на ризик факторите предизвикани од вонредната ситуација, се зголемува и процентот на случаи со семејно насилство.
Ризик факторите како ограничување на правото на движење, затворање на угостителски објекти и локации, затворање на кладилници и слично, постојаното присуство на децата, зголемениот притисок поради неизвесноста со работните места и низа други фактори, доведуваат до загрозување на психо-физичкото здравје на децата и жените потенцијални жртви на семејно насилство.
Сите кои евентуално ќе се најдат во опасност, да пријават и побараат помош без разлика на вонредната состојба, без разлика на полицискиот час и без разлика на препораките, бидејќи нивната безбедност и безбедноста на нивните деца се еден од врвните приоритети!






