Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец со “бмв“ излетал од патот Битола-Прилеп

На 03.05.2020 во 04.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола кај село Ношпал, 33 годишник од Битола, управувајќи патничко возило “бмв“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 43 годишен битолчанец, а со телесни повреди се здобил возачот, по што биле пренесени во Клиничкиот центар Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Прилеп.