Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности.
Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП “Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната
реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.
Вкупната сума, која Општина Битола ја издвои за комплетната реконструкција на улицата изнесува над 4.600.000 денари.

Комплетна реконструкција на улицата “Бранко Радиќевиќ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Презентирани резултатите од научноистражувачкиот проект за агрохемиските својства и загаденоста на земјоделските почви (фото)
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 10 степени
- “КОД 369“ и Јован Милошевски на вториот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- Битолски матуранти на кариерно советување во “КС Групација“
- Хуманоста не познава граници: вредна донација на компјутери за ДУД „Мирка Гинова“ – Битола од “DMK LIMITED“ од Чикаго, САД





