Министерот за здравство Венко Филипче на денешниот Светски ден за хигиена на рацете додели благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19.
Благодарници и заслуќен аплауза доби и тимот од инфективното одделение од Клиничката болница – Битола и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои.
-Миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси. Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи, се вели во пораката до здравствените работници од министерот Венко Филипче.
Во име на министерот благодарниците на битолскиот тим кој се бори со коронавирис, им ги додели директорката на болницата, д-р Билјана Гагачовска.
Тимот од инфективното одделение кое сега е регионален центар за борба против ковид-19, рече дека ќе продолќат со несебичното залање во борбата во овој невидлив непријател.

Благодарници и аплауза за тимот од инфективното одделение од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вангел Алтипармаковски нов тренер на Кожув
- Flowers Symphony 2 се враќа во Скопје со нова програма и ново изненадување
- СВР Битола: дедо пријавил внука за заминување од дома, се степале соученички во средно, физички напад, битолчанец возел со забрана за возење
- Прва седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





