Press "Enter" to skip to content

ЈП “Комуналец“: олеснувања за плаќање на сметките за април и мај

ЈП “Комуналец“ – Битола воведува олеснителни економски мерки за физичките лица и правните лица, заради состојбата предизвикана од коронавирус.

Се известуваат сите физички лица корисници на услугите на ЈП “Комуналец“ Битола, дека сметките за ѓубретарина за месеците април и мај 2020 година, ќе бидат ослободени од плаќање на камата за овие два месеци, доколку истите ги платат најдоцна до 1 октомври 2020 година.

Се известуваат деловните објекти (кафичи, ресторани, кафеани и др.) корисниците на услугите на ЈП “Комуналец“ – Битола, кои не работеа поради ширење и сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 ќе бидат ослободени од плаќање на сметките за ѓубретарина за месец април 2020 година.